Меѓу уапсените при големата заплена на грчки рибарски брод на кој биле пронајдени 7 тони кокаин, се наоѓа и криминалецот познат како „грчкиот Ескобар“ – Алекос Ангелопулос, познат како Алекос Дебелиот. Според информации од грчкиот портал Либре, неговата криминална биографија е спектакуларна и вклучува испораки на дрога од Латинска Америка до Европа преку Сенегал, извоз на оружје од Грција до Никарагва, љубовни афери со проститутки во Антверпен, инвестиции во брендирани бизниси, купување фудбалски тимови во Грција и перење милиони евра преку ОПАП.
Алекос, син на полицаец од Неои Пори, Пиерија, започнал како морнар на стари бродови кои транспортирале шверцувани цигари од Албанија до Италија, но со текот на годините станал мозок на најголемата криминална мрежа за трговија со кокаин што некогаш делувала во Грција. Тој бил сопственик на бродот со дрога и подолго време бил цел на меѓународните безбедносни агенции поради неговите криминални активности.
Според последните информации, пет лица веќе се уапсени во Грција, а се очекуваат апсења на уште петмина. Членовите на екипажот на запленетиот брод се во притвор и наскоро ќе бидат изведени пред истражен судија за понатамошни постапки. Заплената на дрогата од Латинска Америка ја сместува оваа операција меѓу најголемите меѓународни уапсени случаи на шверц со кокаин.
















