ПРВ.мк

Девет лица загинаа откако руски дрон погоди патнички автобус во Украина

Девет лица загинаа откако руски дрон погоди патнички автобус во Украина
Jumbo Banner

Девет загинати и четворица повредени при напад врз цивилен автобус во Украина

Девет цивили го загубија животот, а четворица се повредени кога руско беспилотно летало утринава нападнало патнички автобус во близина на градот Билопиља, во североисточниот дел на Украина, соопшти регионалната воена управа на Суми.

Според првичните информации, нападот се случил околу 06:17 часот, додека автобусот се движел кон градот Суми – административниот центар на регионот. Возилото било погодено од руски дрон од типот „Лансет“, кој предизвикал сериозна експлозија.

Нападот се случи само неколку часа по првите директни мировни разговори меѓу Русија и Украина од 2022 година, кои вчера се одржаа во Истанбул.

„Како резултат на напад со непријателски дрон, загинаа девет лица, а четворица се повредени“, стои во соопштението на украинските воени власти. Медицински екипи, полиција и спасувачи веднаш пристигнале на местото на нападот.

Гувернерот на регионот, Олех Хрихоров, во видео-обраќање го нарече нападот „нехуман и циничен“, нагласувајќи дека целта бил цивилен автобус, преполн со патници.

Украинската национална полиција преку Телеграм го квалификуваше нападот како „воено злосторство“. Објавените фотографии покажуваат целосно уништен автобус, со откорнат покрив и скршени прозорци.

Од руската страна, новинската агенција ТАСС објави дека нападот бил насочен кон локација за складирање на украинска воена опрема. Руското Министерство за одбрана тврди дека целта биле исклучиво воени објекти, а не цивилни.

Иако мировните разговори не донесоа конкретен напредок кон прекин на огнот, двете страни се согласија на голема размена на воени заробеници.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран