ПРВ.мк

Дали Трамп ја спаси економијата со царини? Министрите тврдат: „Рецесија нема!“

Дали Трамп ја спаси економијата со царини? Министрите тврдат: „Рецесија нема!“
Jumbo Banner

Доналд Трамп ги бранеше царините што ги воведе за целиот увоз во САД, иако тие предизвикаа потрес на светските берзи, велејќи дека некогаш мора да се земе лек за да се поправи нешто. Тој кажа дека работни места и инвестиции ќе се вратат во Америка за да ја направат побогата од кога било.

Од владата на Трамп истакнаа дека високите царини ќе бидат спроведени според планираното, отфрлувајќи ги стравувањата од рецесија.

Азиските берзи денеска остро реагираа по последните изјави на Трамп, па јапонскиот индекс Никел 225 забележа пад од 6,3%, а Ханг Сенг во Хонгконг од 9,8%. Американскиот банкарски гигант „Џеј-Пи Морган“ предвидува дека има 60% шанси за рецесија во САД и во светот, додека „Голдман Сакс“ ги зголеми шансите за ова на 45%.

„Европските и азиските држави едвај чекаат да склучат договор. Ни се јавија повеќе од 50 држави“, рече Трамп.

ELS

Министерот за финансии Скот Бесент изјави дека нема причини да се очекува рецесија.

„Ова е процес на прилагодување“, кажа тој.

Основната зголемена царина од 10% почна да се применува на 5 април, а повисоките, кои важат за околу 60 држави, ќе стапат на сила на 9 април. Министерот за трговија Хауард Лутник изјави дека „основната царина на целиот увоз дефинитивно ќе остане на сила со денови и недели“.

Индонезија и Тајван рекоа дека нема да возвраќаат на американските царини од 32%, додека Виетнам побара одложување на новите царини од 46% за барем 45 дена. Наспроти нив, Кина веќе најави нови царини за САД од 34%, што ќе се наплаќаат од 10 април.

„Царините би можеле да го фрлат светот во економска нуклеарна зима. Претседателот ја губи довербата на бизнис лидерите“, изјави инвеститорот Бил Екман, еден од најголемите поддржувачи на Трамп од Вол Стрит, кој побара одложување на новите царини за 90 дена.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран