ПРВ.мк

Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани

Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изрази уверување дека јавноста во разумен рок ќе биде сведок на целосно расчистување на трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Тошковски очекува дека Обвинителството наскоро ќе поднесе обвинителен акт.

– Според последните информации 11 обвинители се вклучени во случајот. Има собрано огромен број докази, има и потенцијални сведоци, над 250-300 луѓе кои можеби ќе бидат сослушани. Со овој случај мора да покажеме дека државата има капацитети да одговори соодветно – рече Тошковски во интервју за телевизија „Алфа“.

Тошковски нагласи дека постои значителна разлика во начинот на постапување сега во споредба со претходните години, наведувајќи примери како несреќите во Ласкарци, модуларната болница во Тетово и запалениот автобус во Бугарија, за кои, според него, немало поднесено ниту една пријава од МВР, ниту извршен претрес, за разлика од сегашниот случај во Кочани, каде што веќе се поднесени кривични пријави.

Vero

Во однос на повиците од опозицијата да поднесе оставка, Тошковски изјави дека чувствува морална одговорност, но и дека има уште поголема одговорност случајот целосно да се расчисти.

Прашан за изјавата на заменик-министерот за правда, Ален Деребан, дадена за „Гласот на Америка“, во која беше спомнато дека во блиска иднина ќе биде лишен од слобода поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се наоѓа во бегство надвор од земјата, Тошковски одговори дека до сега нема официјална потврда дека лицето е лоцирано.

Agria