ПРВ.мк

Германски генерал: “Русија би можела да го нападне НАТО во 2029 година”

Германски генерал: “Русија би можела да го нападне НАТО во 2029 година”

Германија и Русија не се ниту во војна, ниту во мир – и токму тоа е реалност што германското општество и Бундесверот мораат целосно да ја разберат, ако сакаат да развијат капацитет да се справат со предизвиците што следуваат. Ова го истакна генералот Карстен Бројер, генерален инспектор на Бундесверот (највисок воен чин во Германија), во интервју за DW.

Сиво подрачје – меѓу мир и војна

„Категориите како мир, криза или војна кои ние ги користиме, Русија не ги прифаќа,“ вели Бројер. „Русија ја гледа војната како континуитет – применува мерки што можат да изгледаат како војна, но не се класична војна“, објаснува тој, притоа мислејќи на таканаречените хибридни закани.

„Тоа создава состојба која веќе не е целосен мир, но не е ни отворен конфликт. Во таа сива зона се наоѓаме во односите со Русија,“ додава тој.

Vero

Русија може да го нападне НАТО во 2029?

Според анализите, Русија значително го зголемува својот воен капацитет. Поправа стари тенкови и произведува нови – дури 1.500 тенкови годишно – и произведува четири милиони парчиња артилериска муниција.

„Тие не одат веднаш на фронтот во Украина, туку се складираат – Русија се подготвува“, вели Бројер.

Дополнително, Русија планира да го зголеми бројот на војници на 1,5 милиони, а се формираат и нови воени региони насочени кон Запад.

„Кога сè ќе се земе предвид – говорите на Путин, неговите пораки – 2029 година изгледа како можен момент кога Русија би имала доволно ресурси за напад врз територија на НАТО“, предупредува генералот.

Бундесверот мора да расте

На прашањето што треба да направи идната германска влада, Бројер одговара дека германската армија мора да се прошири:

„Мораме да достигнеме бројка од 460.000 војници, вклучувајќи и активни и резервисти“, објаснува тој. „За да го постигнеме тоа, мора да воведеме некој облик на воена служба – било задолжителна, било доброволна.“

Млади Германци и подготвеност за отпор

Генералот потенцира дека целото општество мора да се подготви за потенцијална закана:

„Мора да се соочиме со најлошото сценарио, но не со песимизам и апатија, туку со свесна подготовка и соработка меѓу политиката, економијата, општеството и армијата. Тоа е отпорноста која ни е потребна“, нагласува Бројер.

Тој заклучува:

„Ова не е нешто на што треба само да реагираме – туку нешто каде што мораме активно да делуваме. Само така можеме да ја изградиме нашата безбедносна иднина.“

Agria