ПРВ.мк
Свет

МИКРОН СО СЕРИОЗНА ЗАКАНА: Ќе има царини за Кина доколку не го направат ова!

МИКРОН СО СЕРИОЗНА ЗАКАНА: Ќе има царини за Кина доколку не го направат ова!
Kristal

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Европа може да воведе царини за Кина во наредните месеци ако Пекинг не преземе конкретни мерки за намалување на растечкиот трговски дефицит со Европската Унија, објавија француските медиуми.

Според Макрон, ЕУ е принудена да размисли за протекционистички мерки ако Кина не реагира брзо и одговорно, бидејќи стабилноста на европската индустрија и иновации е во прашање. По официјалната посета на Кина, францускиот лидер истакна дека Европа ќе преземе решителни чекори, слични на американските мерки, вклучувајќи воведување царини за кинески стоки.

„Кина го загрозува срцето на европскиот модел на индустрија и иновации, кој историски се базирал на производство на автомобили и машински алати. Зголемените царини што ги воведе Америка само ја влошуваат ситуацијата, бидејќи кинеските стоки се пренасочуваат кон нашиот пазар“, изјави Макрон.

Тој нагласи дека Европа мора да го прифати и присуството на кинески инвестиции, но тие не смеат да создадат хегемонија или зависност. Секторите на кои се однесуваат овие мерки вклучуваат производство на батерии и електрични возила, преработка на литиум, енергија од ветер, електронски уреди, технологии за рециклирање, индустриска роботика и производство на модерни компоненти.

Макрон додаде дека ЕУ мора да се заштити од кинеските електрични возила во клучните сектори, како автомобилската индустрија, и истовремено да ја зголеми конкурентноста преку поедноставување и зајакнување на единствениот пазар, инвестирање во иновации, правична заштита на границите, комплетирање на царинската унија и прилагодување на монетарната политика.

FixCredit
Atensa 300
Escape