ПРВ.мк
Свет

Пожар во Турција: Над 2.000 лица се вклучени во гаснењето!

Пожар во Турција: Над 2.000 лица се вклучени во гаснењето!

Еден од најголемите шумски пожари годинава ја зафати јужната турска провинција Денизли, во областа Булдан, каде огнот беснее веќе четири дена без прекин.

Во акцијата за гаснење се ангажирани 2.205 луѓе, 619 возила и 20 хеликоптери, соопштија локалните власти. Пожарот избувна на 29 август, а интензитетот на пламените јазици полека се намалува, иако гаснењето сè уште трае.

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не се приближуваат до загрозените подрачја.

Escape