Бизарен случај од Камчатка ја изненади јавноста – маж се соочува со сериозна затворска казна поради нешто што започнало како импулсивен потег.
Според информациите објавени од РИА Новости, инцидентот се случил во градот Јелизово, каде што маж во алкохолизирана состојба поминал покрај цвеќарница и одлучил да земе – ни помалку ни повеќе – 40 рози.
Но приказната тука добива неочекуван пресврт. Додека бегал, сфатил дека цвеќињата не му се потребни, па им ги подарил на случајна минувачка. Гест што на прв поглед изгледа како романтичен, сега се претвора во сериозен правен проблем.
Надлежните покренале постапка против него, а според законот, може да се соочи со казна затвор до четири години.


















