Путин редовно игра хокеј, откри Кремљ.
Рускиот претседател Владимир Путин редовно игра хокеј, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков, пренесуваат денеска руските медиуми.
„Тој редовно игра хокеј, тоа можам со сигурност да го потврдам“, рече Песков во интервју за телевизискиот канал „Русија 1“, одговарајќи на новинарско прашање колку често претседателот се занимава со овој спорт.
Познато е дека Путин е голем љубител на хокејот, а средината на март годинава, во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, бил постигнат договор за можноста Русија и САД да одиграат заеднички хокејашки натпревар.
Кремљ соопшти дека Трамп ја поддржал иницијативата на Путин за организирање на пријателски натпревари во двете земји, со учество на играчи од двете водечки хокејашки лиги – северноамериканската НХЛ и руската КХЛ, пренесе агенцијата РИА Новости.
НХЛ е водечка професионална хокејашка лига во Северна Америка, додека КХЛ опфаќа клубови од Русија, Белорусија, Казахстан и Кина.