Како да си помогнете при убод од пчела, оса или стршен – проверен совет од пчелар
Во летните месеци, убодите од инсекти како пчели, оси или стршени се честа појава. Но, според еден долгогодишен пчелар, постои едноставен и ефикасен трик кој може значително да го намали отокот, болката и непријатниот чешање.
Сè што ви треба е обична таблета аспирин или андол – лекови кои се наоѓаат во секоја домашна аптека. Препорачливо е секогаш да носите една таблета со себе, особено кога сте на излет или во природа.
Како да ја примените:
Навлажнете ја таблетата со малку вода.
Ставете ја директно на местото на убодот.
Држете ја околу една минута, а потоа тргнете ја.
Овој едноставен метод може да помогне во спречување на отокот и намалување на болката, а воедно ја олеснува и иритацијата. Според пчеларот, убодот за кратко време ќе стане минато, а кожата ќе остане без траги.