Белата куќа соопшти дека управувањето со Украина зависи од нејзиниот устав и волјата на нејзиниот народ, реагирајќи на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи воспоставување привремена управа во Украина.
„Управувањето со Украина се определува од нејзиниот устав и одлуките на народот на таа земја“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, кога беше прашан да ја коментира изјавата на Путин, пренесува Ројтерс.
Од Украина сè уште нема коментар на изјавата на Путин, додава агенцијата.
Говорејќи за можните начини за решавање на конфликтот во Украина, Путин се потсети дека практиката на надворешно управување или привремена управа била користена повеќе пати во рамките на мировни активности на ОН, како што се случило во Источен Тимор, Нова Гвинеја и некои делови на поранешна Југославија.
Според неговите зборови, бидејќи лани во Украина не се одржале претседателски избори, цивилните власти во земјата сега се нелегални.