Глобалната криза предизвикана од војната меѓу САД, Израел и Иран веќе ги преполови светските резерви на нафта, а авиокомпаниите се соочуваат со егзистенцијален предизвик. Цената на млазното гориво се удвои за само еден месец – од 96 долари на 197 долари по барел!
Полнењето на еден „Боинг 737-800“ сега чини над 27.000 долари, што ги турка авиокомпаниите кон драстично поскапи билети или дури откажување на летови. Само во првите недели од конфликтот, најголемите авиокомпании изгубија 53 милијарди долари пазарна вредност.
Извршниот директор на „Јунајтед ерлајнс“ веќе најави откажување на околу 5% од планираните летови, додека аналитичарите предупредуваат дека некои компании би можеле целосно да приземјат авиони или да прекинат операции.
За европските патници, ова значи – поскапи билети, помалку летови и неизвесност до летото. Некои експерти дури предлагаат – заштеда на гориво со поретко патување.
Дали летовите ќе останат редовни или воздухопловната индустрија ќе се соочи со најголем предизвик од 70-тите години? Следните недели ќе покажат…










