ПРВ.мк
Свет

Моќен Су-30 се урна– екипажот загина на лице место!

Моќен Су-30 се урна– екипажот загина на лице место!
Kristal

Борбен авион Су-30 се урна вечерва за време на тренинг лет во руската република Карелија, регионот што се граничи со Финска. Според соопштението на руското Министерство за одбрана, инцидентот се случил околу 19:00 часот по московско време.

Авионот паднал во ненаселена, пошумена област, а летот бил изведуван без муниција, соопштија официјалните извори. На местото на несреќата веднаш биле испратени екипи за итни интервенции.

Гувернерот на Карелија, Артур Парфенчиков, потврди дека добил известување за пад на воен авион во областа Прионежски и дека службите веќе се на лице место.

Според првичните податоци, загинале двајца членови на екипажот.

Истрагата за причините на несреќата е во тек.

Воен авион Су-30 се урна во Русија – двајца пилоти загинаа, службите за итни случаи на терен

Борбениот авион Су-30 се урна вечерва во руската република Карелија, регион кој се граничи со Финска. Несреќата се случила околу 19 часот по московско време, за време на планиран тренинг лет, соопшти руското Министерство за одбрана.

Авионот паднал во ненаселена, пошумена област и согласно официјалните информации летот бил изведуван без муниција.

На местото веднаш се испратени екипи за итни интервенции, по наредба на гувернерот Артур Парфенчиков, кој ја потврди несреќата преку Телеграм.

Според првичните и засега единствени потврдени податоци, загинале двајца членови на екипажот, кои не успеале да се катапултираат.

Руските власти ја започнаа истрагата за причините за падот на авионот.

Escape