ПРВ.мк
Македонија

Ѓорѓиевски ги откри имињата – ова се новите директори на ЈСП, Водовод, Комунална хигиена и Улици и патишта

Ѓорѓиевски ги откри имињата – ова се новите директори на ЈСП, Водовод, Комунална хигиена и Улици и патишта
Kristal

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва ја соопшти новата кадровска поставеност во четирите клучни јавни претпријатија во градот. Сите институции добиваат нови вршители на должноста директори.

Во ЈП „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов, кој оваа функција ја извршуваше и во првиот дел од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска.

Во „Водовод и канализација“ нов в.д. директор ќе биде Иван Митровски, досегашен заменик-градоначалник на општина Кисела Вода.

За ЈСП Скопје, Ѓорѓиевски најави назначување на човек кој долги години работи во претпријатието и ги познава сите процеси – тоа е Саше Илиевски, кој, според градоначалникот, има искуство и кредибилитет за да ја води институцијата.

Во „Комунална хигиена“ директор ќе биде лице кое има долгогодишно искуство во комуналниот сектор на Град Скопје и кое, како што истакна градоначалникот, се покажало исклучително успешно за време на акцијата „72 часа“. Новиот директор се вика Драги, и не бил експониран ниту политички, ниту во јавноста.

Ѓорѓиевски ги демантираше тврдењата дека планира приватизација на јавните претпријатија, нагласувајќи дека ќе работи на зајакнување на нивната функционалност и самоодржливост.

Тој додаде и дека сметките за граѓаните нема да поскапат, бидејќи тоа било едно од неговите јавно дадени ветувања во кампањата.

Escape