На граничниот премин Долно Блаце, во раните утрински часови на 13 ноември 2025 година, полициски службеници го уапсиле 22-годишниот Ф.Ц. од Косово.
Според информациите од МВР, при редовна гранична контрола било утврдено дека лицето се води во евиденцијата со активна мерка „апси“, издадена по барање на Одделението за криминалистички работи – Гази Баба.
По укажувањата од системот, граничната полиција веднаш го привела осомничениот. Тој потоа бил предаден во надлежност на полициските службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
Полицијата не соопшти дополнителни детали околу причините за мерката, но случајот продолжува да се процесира согласно законските процедури.















