Турски авион од моделот „Ер Трактор АТ-802“ се срушил попладнево во близина на местото Криви Пут кај Сењ, потврди Регионалната полициска управа Лика-Сењ. Несреќата била пријавена околу 17:10 часот, по што веднаш започнала голема операција за пребарување и спасување.
Според информациите од Центарот за цивилна заштита, авионот исчезнал од радарите во 16:53 часот додека изведувал кружен лет на релацијата Риека – Загреб – Риека. Кратко потоа, службите добиле дојава дека запален авион паднал во шумски предел кај Криви Пут.
На терен се испратени полициски екипи, пожарникари, служба за итна медицинска помош и координатор на спасувачката операција. Засега не се објавени информации за бројот на лица во авионот ниту за нивната состојба.
Според неофицијални извори, два турски „Ертрактори“ полетале кон Загреб, но се вратиле назад поради густа магла. Едниот успешно слетал на аеродромот на Крк, додека вториот исчезнал – и токму тој се смета за авионот кој се урнал.
Спасувачките тимови продолжуваат со интензивна потрага на непристапниот терен и се очекуваат нови детали од хрватските служби.
















