ПРВ.мк
Свет

ТЕНЗИИ НА МАКСИМУМ: Украина го запали најголемото руското пристаниште за извоз на нафта - што значи ова за Европа?

ТЕНЗИИ НА МАКСИМУМ: Украина го запали најголемото руското пристаниште за извоз на нафта - што значи ова за Европа?
Kristal

Украински напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст-Луга на Балтичкото Море, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.

Според неговите информации, руските сили собориле 31 дрон во регионот. Пристаништето Уст-Луга се смета за едно од клучните точки за извоз на сурова нафта, течен природен гас, ѓубрива и јаглен, што го прави стратешки важно за руската економија.

Објектот бил цел на напади и претходно во текот на неделата, при што биле оштетени танкери, магацини и станици за утовар, а над областа биле забележани облаци чад.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, извозниот капацитет на регионот е значително намален по серијата напади.

Во меѓувреме, Русија најави забрана за извоз на бензин која ќе започне во среда и ќе трае до 31 јули, со цел стабилизирање на домашниот пазар и цените, во услови на притисок врз снабдувањето.

Од друга страна, Украина соопшти дека во текот на ноќта биле изведени масовни напади со дронови. Киев тврди дека најголемиот дел од 442 воздушни напади биле пресретнати, но дека дел од нив сепак погодиле цели.

Во нападите, десет лица се повредени во регионот Миколаив, додека во регионот Одеса биле погодени енергетски објекти, што довело до прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Овие случувања укажуваат на продолжување на интензивните воени дејствија и ескалација на конфликтот, со значајни последици врз инфраструктурата и енергетската стабилност во регионот.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo