ПРВ.мк
Свет

ИРАН ВОВЕДУВА КОНТРОЛА: Странски бродови ќе минуваат низ Ормускиот теснец само под овој услов!

ИРАН ВОВЕДУВА КОНТРОЛА: Странски бродови ќе минуваат низ Ормускиот теснец само под овој услов!
Kristal

Иран испрати јасна порака за безбедноста во Ормутскиот теснец, нагласувајќи дека меѓународните обврски мора да одат рака под рака со почитување на неговиот територијален интегритет и суверени права.

Али Мусави, кој воедно е и амбасадор на Иран во Обединетото Кралство, изјави за новинската агенција Мехр дека Техеран е подготвен да соработува со Меѓународната поморска организација и со други држави за унапредување на поморската безбедност и заштита на морнарите.

Според него, Ормутскиот теснец останува отворен за меѓународна пловидба, но со важна ограда – бродови поврзани со „непријателите на Иран“ нема да имаат слободен премин. Тој додаде дека транзитот е можен, но само преку координација со иранските власти и договорени безбедносни мерки.

Мусави потенцираше дека дипломатијата останува главен приоритет на Иран, но нагласи дека за стабилизација е неопходно целосно запирање на, како што рече, „агресијата“, како и градење меѓусебна доверба.

Воедно, тој ги обвини САД и Израел дека се главната причина за актуелната ескалација и тензиите во регионот, особено во чувствителната зона на Ормутскиот теснец – една од најважните глобални рути за транспорт на нафта.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape