ПРВ.мк
Свет

Израел удри по срцето на иранската нуклеарна програма: Уништени реактори, складишта и радарски системи!

 Израел удри по срцето на иранската нуклеарна програма: Уништени реактори, складишта и радарски системи!

Израел утринава изведе масовен воздушен напад врз, како што велат, „критични објекти“ поврзани со иранската нуклеарна и ракетна програма, вклучувајќи постројки за развој на балистички ракети, складишта за оружје и системи за воздушна одбрана. Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), напади биле извршени врз нуклеарниот реактор во Арак, развојна лабораторија близу Натанц, како и радарски центри и ракетни складишта.

„Овие цели го поддржуваат иранскиот пат кон нуклеарно оружје и овозможуваат напади врз израелски цивили,“ соопшти ИДФ на социјалната мрежа Х.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху реагираше остро по нападите на Иран врз израелска територија, вклучувајќи и ударот врз болницата Сорока. „Ќе ја наплатиме целосната цена од тиранијата во Техеран“, напиша тој, најавувајќи дека нема да престанат додека не ја елиминираат заканата.

Нападите доаѓаат во време на драматична ескалација меѓу двете сили, додека светските лидери сè уште апелираат за воздржаност. Израел најавува дополнителни акции „сè додека е загрозен безбедносниот интегритет на државата“.

Сподели го овој напис