САД се подготвуваат за можен воен удар врз Иран во наредните денови, пренесува „Блумберг“ повикувајќи се на добро информирани извори од Вашингтон. Според нив, нападот може да се случи веќе овој викенд, додека дипломатите сè уште се обидуваат да спречат ескалација.
Планиран е состанок во Женева помеѓу министрите за надворешни работи на САД, Британија, Франција и Германија со иранските претставници, но паралелно, американските агенции веќе почнале подготовки за евентуална интервенција.
Претседателот Доналд Трамп не ја исклучи можноста, велејќи: „Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема.“
Ваквата изјава дополнително го зголемува стравот од отворен воен конфликт, додека меѓународната заедница апелира за воздржаност и дипломатско решение.