ПРВ.мк
Свет

Арагчи откри што ќе се случува со нуклеарната политика на Иран по смената на врвот

Арагчи откри што ќе се случува со нуклеарната политика на Иран по смената на врвот
Kristal

Иран засега нема намера да ја менува својата позиција во однос на развојот на нуклеарно оружје, изјави шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи. Според него, официјалниот став на Техеран останува непроменет, и покрај новите околности во државниот врв.

Арагчи нагласил дека новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи сè уште не изнел јавен став за ова чувствително прашање, поради што, како што посочил, во моментов не може да се направи јасна проценка за неговите правни и политички позиции.

Претходниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој според наводите загинал на почетокот на американско-израелските напади врз Иран, уште во 2000 година издал фетва со која се спротивставил на развој на оружје за масовно уништување. Токму тој верски декрет со години се посочува како клучен аргумент на иранските власти дека земјата не се стреми кон создавање нуклеарно оружје.

И покрај тоа, западните држави долго време го обвинуваат Техеран дека зад својата нуклеарна програма крие воени амбиции. Од друга страна, иранските власти постојано тврдат дека програмата има исклучиво мирнодопска намена и дека служи само за цивилни потреби.

Во изјавата, Арагчи потсетил и дека тежината на ваквите фетви зависи од верскиот авторитет што ги носи, што дополнително ја отвора дилемата како новото раководство ќе се постави во иднина околу едно од најчувствителните меѓународни прашања.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo