ПРВ.мк
Свет

АЛАРМАНТНО: Иран најавува 200 долари за барел нафта – цените на горивата во Македонија ќе експлодираат!

АЛАРМАНТНО: Иран најавува 200 долари за барел нафта – цените на горивата во Македонија ќе експлодираат!
Kristal

Генералот на Исламска револуционерна гарда (ИРГ) на Иран, Ебрахим Џабари, вчера предупреди дека континуираните американско-израелски напади ќе доведат до одмазда од страна на Иран против „сите економски центри“ на Блискиот Исток.

„Му порачуваме на непријателот дека ако одлучи да ги нападне нашите главни центри, ќе ги погодиме сите економски центри во регионот“, рече Џабари, пренесе иранската новинска агенција ИСНА.

Тој истакна дека ова може да предизвика значително зголемување на цените на енергенсите:

„Го затворивме Ормутскиот теснец. Моментално, цената на нафтата е над 80 долари и наскоро ќе достигне 200 долари“, предупреди Џабари.

Колку би чинело горивото во Македонија?

Ако цената на нафтата достигне 200 $ за барел, експертските проценки велат дека во Македонија бензинот би можел да достигне околу 130–150 ден/л, а дизелот 120–140 ден/л.

Зошто се очекува зголемување на цените

Аналитичарите предупредуваат дека геополитичките тензии околу Ормускиот теснец – низ кој минуваат околу 20% од светските испораки на нафта – теоретски може да ја турнат цената дури и до 200 $ за барел ако дојде до сериозен прекин на снабдувањето.

Тековни цени на горивата во Македонија:

  • Бензин (95): околу 72 ден/л
  • Дизел: околу 68 ден/л

Овие цени се формираат кога нафтата на светскиот пазар се движи околу 70–80 $ за барел, но според предупредувањата на Иран, следува потенцијално драстично зголемување.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo