ПРВ.мк
Свет

Зеленски ја отпиша Америка! По бруталните навреди од Трамп, Украина бара спас кај Арапите и ЕУ – „Русија повторно по итра од САД“

Зеленски ја отпиша Америка! По бруталните навреди од Трамп, Украина бара спас кај Арапите и ЕУ – „Русија повторно по итра од САД“

Повеќе од една година откако Доналд Трамп се врати во Овалната соба, „љубовта“ меѓу Вашингтон и Киев дефинитивно згасна. По серијата понижувања, запирање на воената помош и директни прекори во Белата куќа, претседателот Володимир Зеленски реши дека му е доста од ласкање на американскиот лидер. Украина официјално крева раце од САД како сигурен сојузник!

Иако Киев се обидуваше да го „купи“ Трамп со договори за минерали и јавни пофалби, администрацијата во Вашингтон постојано ги туркаше преговорите во корист на Владимир Путин. Шок-терапијата кулминираше кога САД ги ублажија санкциите за руската нафта за да ги спречат цените на енергенсите дома, оставајќи ја Украина на цедило среде војна.

„Русија повторно ги надитри Американците, го надитри претседателот на САД“, изјави лутиот Зеленски во последното интервју.

Наместо да чека помош од Вашингтон, Украина агресивно се врти кон нови сојузници:

  • Арапскиот свет: Киев го споделува своето воено искуство со Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ.
  • Европски фронт: Се склучуваат стратешки договори со Германија за производство на оружје.
  • Технолошка доминација: Украина станува светски лидер во војната со дронови, со план да произведе неверојатни 7 милиони беспилотни летала во 2026 година.

Зеленски упати досега незамислива порака: Европа мора да се подготви за живот без Америка. Додека некои европски лидери сè уште му се умилкуваат на Трамп, Киев повикува на нова безбедносна архитектура која ќе ги вклучи Британија, Турција и Норвешка, но без потпирање на Вашингон, кој сега се смета за „закана за европската безбедност“.

Иако американската помош беше клучна на почетокот, Украина докажа дека може да преживее и сама. Додека Трамп тврди дека Украинците „немаат карти за играње“, Киев со своите дронови веќе ги напаѓа нафтените капацитети кај Санкт Петербург и ја презема иницијативата на фронтот. Ерата на американското покровителство изгледа е завршена.

Најнови вести