Иран соопшти дека рамковниот договор со САД повеќе не е на сила, обвинувајќи го Вашингтон дека ги прекршил преземените обврски.
Заменик-министерот за надворешни работи Казем Харибабади изјави дека Техеран го суспендирал договорот и дека повеќе не се чувствува обврзан да ги исполнува одредбите од меморандумот.
Во меѓувреме, иранскиот врховен лидер Мојтаба Хамнеи остро го нападна американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговиот потпис е „целосно безвреден и без кредибилитет“.
Рамковниот договор меѓу САД и Иран беше постигнат во средината на јуни со цел да се отвори пат кон траен мировен договор и стабилизација на регионот, но по новата ескалација на конфликтот на почетокот на јули, договорот практично пропадна, а односите меѓу двете земји повторно се влошија.









