ПРВ.мк
Свет

Нови детали околу убиството на Роман Старовоит

Нови детали околу убиството на Роман Старовоит
Escape

Само неколку часа откако Владимир Путин го отпушти од функцијата, поранeшниот руски министер за транспорт Роман Старовоит е пронајден мртов со прострелна рана во автомобилот, јавува Скај њуз.

Според истрагата, најверојатна причина е самоубиство, а телото било откриено во Одинцовскиот округ. Старовоит беше назначен за министер во мај 2024, по петгодишен мандат како гувернер на Курската област, граничен регион со Украина.

Информациите упатуваат дека отпуштањето било поврзано со корупциски скандал, откако поранeшниот гувернер Алексеј Смирнов сведочел против него за наводни злоупотреби при изградба на заштитни објекти. Тоа сведочење наводно било клучно за неговото разрешување.

Смртта на Старовоит предизвика потрес во Русија, а истражните органи и понатаму ја анализираат целата ситуација, иако официјалната верзија останува – самоубиство по отпуштањето и скандалот.

Mia Home Mavrovo