ПРВ.мк
Свет

КАКО СЦЕНА НА ФИЛМ: Затвореник побегна пред очите на посетителите - еве како!

КАКО СЦЕНА НА ФИЛМ: Затвореник побегна пред очите на посетителите - еве како!
Kristal

Затвореник од францускиот затвор Нантер успеал да избега додека групата посетувала музејот Лувр, додека патувале со јавен превоз, на железничката станица Обер, еден од најпрометните центри во Париз, објавија француските медиуми.

Стражарите веднаш се пуштиле во потера, но не успеале да го стигнат затвореникот роден во 2001 година, кој отслужувал казна за кражба и трговија со дрога, со казна до 2028 година.

Посетата на Лувр претходно предизвикала контроверзии, бидејќи и затворската администрација и обвинителството дале негативно мислење за дозволата, но судијата сепак одобрил посета. Групата била придружувана од шест лица – тројца стражари, еден офицер и двајца водичи.

Двајцата преостанати затвореници веднаш ја прекинале посета и биле вратени во Нантер под придружба, додека полицијата сè уште го бара избеганиот затвореник.

Случајот отвора сериозни прашања за безбедноста при културни посети на затвореници и е предмет на истрага од француските власти.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo