ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА НА УЛИЦИТЕ: Пешак убиен, друг тешко повреден - ова се деталите!

ТРАГЕДИЈА НА УЛИЦИТЕ: Пешак убиен, друг тешко повреден - ова се деталите!
Kristal

Двајца пешаци вчера беа нападнати со нож во австрискиот град Линц, при што едниот им подлегна на повредите, а вториот е хоспитализиран со тешки повреди, соопшти полицијата, пренесува ДПА.

Осомничениот напаѓач бил брзо уапсен од локалните власти, а мотивот засега не е познат. Полицијата најави дека во текот на денот ќе објави дополнителни информации за жртвите и осомничениот.

Портпаролката на локалната полиција истакна дека истрагата ги опфатува сите можни аспекти на инцидентот. Според непотврдени информации објавени од весникот „Кронен Цајтунг“, напаѓачот извикувал навреди кон муслиманите и бил забележан како стои на средина од улицата, привремено блокирајќи го сообраќајот.

Случајот предизвика загриженост во локалната заедница, а истрагата продолжува за целосно расветлување на околностите на нападот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo