Вчера (14.03.2026), полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода С.Ш. (26) од Куманово. При извршениот претрес во неговиот дом, по судска наредба, биле пронајдени различни видови дрога – марихуана, кокаин, амфетамин и таблети екстази, како и дигитална вага и пари во готово.
Приведениот е спроведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


















