Иран продолжи со серија ноќни напади врз шест земји во Заливот и Блискиот Исток, таргетирајќи ги Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Бахреин и Израел. Во Саудиска Арабија биле соборени шест балистички проектили над американска воена база во Ал Харј, додека Израелските одбрамбени сили соопштиле дека ова е веќе седмиот ирански напад врз Ерусалим и јужниот дел на земјата.
ОАЕ: балансирање помеѓу одбрана и дијалог Министерството за одбрана на ОАЕ соопштило дека противвоздушната одбрана пресретнала ракети и дронови, а советникот на претседателот Мохамед бин Зајед, Анвар Гаргаш, истакнал дека земјата има право да се брани од „терористичка агресија“. Во исто време, тој нагласил дека ОАЕ се обидуваат да дејствуваат разумно и да најдат мирен излез од кризата во регионот.
Кувајт: удар врз радарски систем и американска база Куваjtската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека меѓународниот аеродром бил погоден со дронови, при што бил оштетен радарскиот систем, додека американската воена база била исто така цел на два дрона, според Министерството за одбрана на Кувајт.
Иран со тврд став и регионални закани Новото иранско лидерство, предводено од врховниот водач Моџтаба Хамнеи, ги повикало залевските земји да ги затворат американските бази на своја територија. Министерот за надворешни работи Абас Аракчи додал дека соседните земји треба да ги протераат „странските агресори“, нагласувајќи дека главната грижа на Техеран е Израел.
Регионалната напнатост расте, а серијата ирански напади ја засилува неизвесноста за стабилноста и безбедноста во Заливот.


















