На 14 март 2026 година, околу 10:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид повеќе малолетни лица физички нападнале друг малолетник.
Повредениот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Охрид за укажување на лекарска помош.
Во врска со инцидентот, полицијата повикала неколку малолетници од Охрид, а со нив во присуство на родители биле извршени службени разговори.
По целосно расветлување на настанот, ќе следува соодветен поднесок против сторителите.
Извор: Скопје1.мк


















