Иранската војска предупреди дека подружниците на американски банки и компании во регионот би можеле да станат легитимни цели доколку продолжат нападите врз иранската нафтена и енергетска инфраструктура.
Бригадниот генерал на Иранската револуционерна гарда, Али Мохамад Наеини, изјави дека секоја нафтена, економска или енергетска инфраструктура со американски удел ќе биде „веднаш уништена и претворена во куп пепел“.
Иранските медиуми истакнуваат дека ваквите објекти би можеле да станат директни цели доколку продолжат понатамошните удари врз иранската инфраструктура. Слични предупредувања Техеран упатува од почетокот на конфликтот со Израел, во кој се вклучени и САД.
Извор: Скопје1.мк


















