ПРВ.мк
Свет

Хакерски напад врз директорот на ФБИ – откриени детали што никој не ги очекуваше!

Хакерски напад врз директорот на ФБИ – откриени детали што никој не ги очекуваше!
Kristal

ФБИ потврди дека хакери го нападнале мејлот на директорот Каш Пател, но нагласи дека не биле компромитирани чувствителни државни информации.

Според изјавата на портпаролот, станува збор за таргетирање на неговиот личен е-маил од страна на „злонамерни актери“, што веднаш ја крена загриженоста за безбедноста на високите функционери.

И покрај сериозноста на нападот, од агенцијата уверуваат дека податоците до кои се обиделе да пристапат хакерите биле од историска природа и не содржеле класифицирани информации.

Одговорноста за пробивот ја презеде групата Handala Hack, за која се верува дека е поврзана со Иран. Тие јавно објавиле фотографии од директорот, како и наводен биографски профил, дополнително подгревајќи ја тензијата околу инцидентот.

Случајот отвори нови прашања за сајбер-безбедноста, особено кога станува збор за личните комуникации на високи функционери.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo