Иран денеска изврши низа напади врз држави од Персискиот Залив, повеќе од три недели откако САД и Израел ја започнаа својата воена операција против Исламската Република, јавува ДПА.
Цивилната одбрана на Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, соопшти дека „системите за воздушна одбрана моментално реагираат на ракетни закани“.
Министерството за одбрана на ОАЕ информира дека досега одговориле на иранските напади со пресретнување на 345 ракети, 15 крстосувачки ракети и повеќе од 1.700 беспилотни летала. Од почетокот на конфликтот, двајца војници на ОАЕ и шест цивили загинале, а 160 лица се ранети.
Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека беспилотни летала биле пресретнати во источниот дел на државата, а една ракета била уништена во близина на Ријад.
Вооружените сили на Бахреин информираа дека досега пресретнале над 140 ирански ракети и повеќе од 240 беспилотни летала.


















