ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Напад што го потресе регионот – Димона погодена, бројот на жртви се зголемува!

(ВИДЕО) Напад што го потресе регионот – Димона погодена, бројот на жртви се зголемува!
Kristal

Во ракетниот напад врз јужниот израелски град Димона, повредени се вкупно 47 лица, кои се хоспитализирани, соопштија израелските служби за итни случаи.

Најголем дел од повредите се предизвикани од шрапнели – метални парчиња што се распрснуваат при експлозија. Меѓу повредените има и 10-годишно момче во сериозна состојба, како и 30-годишна жена повредена од скршено стакло, додека останатите лица имаат полесни повреди.

Димона се наоѓа на околу 13 километри од Центарот за нуклеарни истражувања Негев, што дополнително ја зголемува загриженоста по нападот.

Иран официјално потврди дека стои зад нападот, наведувајќи дека тоа е одговор на претходните удари на САД и Израел врз нуклеарната централа Бушер и објектите во Натанз.

Иранската агенција „Тасним“ објави дека нападот испраќа јасна порака дека ниту една локација не е безбедна од иранските ракети и дека противникот треба да се повлече пред да биде предоцна.

Нападот е дел од ескалацијата на конфликтот меѓу Иран, Израел и САД, кој во последните недели се интензивира со размена на ракетни и воздушни удари.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo