ПРВ.мк
Свет

Русија се подготвува за директна војна со НАТО – алармантен извештај открива тајни воени подготовки

Русија се подготвува за директна војна со НАТО – алармантен извештај открива тајни воени подготовки
Escape

Нов извештај од Центарот за економски и безбедносни истражувања (KSE Institute) открива дека Русија интензивно се подготвува за можен вооружен судир со НАТО, преку масовни и прикриени вложувања во воената индустрија. Анализата покажува дека потрошувачката на челик и градежни материјали во поморската индустрија во Русија во последниве месеци драматично се зголемила, што укажува на изградба на нова инфраструктура и воени капацитети, особено на Арктикот и на Далечниот Исток. Вклучени се и цивилни компании како „Барикада“, кои формално немаат воена функција, но всушност работат директно за армијата.

Истражувачите откриваат и драматичен пораст на увоз на експлозиви – дури 6.5 пати повеќе од претходно – како и систематско обезбедување оружје од Северна Кореја и технолошка поддршка од Кина. Се користат и „цивилни“ партнери за да се избегнат меѓународните санкции. Извештајот предупредува дека ова е „најопасниот момент за светот од Студената војна наваму“ и апелира до Западот да го прошири кругот на санкционирани субјекти, вклучувајќи ги и сите фирми кои и индиректно ѝ служат на руската воена машинерија.

Нетанјаху најави целосна окупација на Газа – Хамас предупредува на тешки последици

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Израел планира целосно да ја преземе воената контрола над Појасот Газа. Во интервју за „Фокс њуз“, Нетанјаху објасни дека Израел нема намера трајно да управува со регионот, туку сака да го осигура безбедносниот периметар, по што ќе ја препушти Газа на други сили кои ќе знаат како правилно да управуваат со неа. Иако тој тврди дека Израел не сака трајно присуство во Газа, ваквата изјава доаѓа во момент кога израелската војска веќе контролира 75% од територијата, додека речиси два милиона луѓе се раселени и живеат во катастрофални услови.

Оваа изјава наиде на жестока реакција од Хамас, кој обвини дека потегот е очигледен удар врз сите обиди за дипломатско решение и предупреди дека секоја обид за трајна окупација ќе биде скапо платена. Според нив, агресијата врз палестинскиот народ нема да помине лесно и ќе предизвика сериозни последици за израелската армија. Во исто време, семејствата на израелските заложници стравуваат дека овие планови може дополнително да ги загрозат животите на нивните најблиски. Според проценките, 20 од 50-те заложници во Газа се сè уште живи, а анкетите покажуваат дека дури 75% од Израелците сакаат прекин на огнот за да се обезбеди нивното враќање дома.

Русија во дигитален мрак – Владата го цензурира интернетот и го гаси пристапот за граѓаните

Во последниот месец, Русија забележа повеќе од 2.000 прекини во интернет-врските низ целата земја, што претставува тројно зголемување споредено со јуни. Официјално, владата тврди дека тоа е дел од мерки за заштита од украински дрон-напади, но анализите покажуваат дека вистинската причина е воспоставување на целосна контрола врз интернетот и информациите – слично како што Кина има воспоставено „дигитална ограда“. Рускиот парламент веќе усвои закони кои забрануваат употреба на VPN услуги и странски апликации, со цел целосно ограничување на пристапот до независни информации.

Оваа дигитална блокада има огромни последици – стотици илјади луѓе остануваат без пристап до интернет, а економијата губи околу 60 милиони долари дневно. Паралелно со ова, Украина ја засили сајбер-офанзивата. Украинските хакери неодамна го нападнаа системот на руската авиокомпанија Аерофлот, при што беа уништени 7.000 сервери и изгубени податоци за 25 милиони патници. Дополнително, беа погодени и над 1.100 аптеки, како и други критични системи, со што се покажува дека Украина има способност да навлезе длабоко во руската инфраструктура. Воени и технолошки аналитичари предупредуваат дека ваквата дигитална војна би можела да ја редефинира иднината на конфликтите.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape