Рускиот претседател Владимир Путин на тајна средба со Доналд Трамп и ирански претставници го поддржал предлогот Иран целосно да го запре збогатувањето на ураниум, пренесува „Аксиос“ повикувајќи се на четири доверливи извори.
🔴 Москва ја менува позицијата – од главен сојузник во нуклеарната програма на Техеран, до клучен поддржувач на договор за „нулто збогатување“.
👉 Израелски функционер открива: „Знаеме дека Путин директно им го кажал тоа на Иранците.“
🛑 Пресвртницата дошла по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран, а Русија дури ја известила и израелската влада за новата, поцврста позиција.
📉 Според планот, Москва би презела дел од високо збогатениот ураниум на Иран и за возврат би доставувала гориво збогатено до 3,67% – доволно за цивилна употреба.
🇮🇷 Нападите на Израел и САД во јуни тешко ги погодиле иранските нуклеарни капацитети во Фордоу, Натанц и Исфахан – но залихите на ураниум сè уште не се уништени.
🔥 Преговорите меѓу САД и Иран, иницирани од Трамп преку пратеникот Стив Виткоф, добиваат на интензитет, а поддршката од Путин може да биде клучна за нов нуклеарен договор.
Дали ова е пресврт во иранската нуклеарна сага? И дали Трамп и Путин ќе успеат да ја вратат стабилноста на Блискиот Исток?