Русија и Кина го засилија своето енергетско партнерство со нов договор за гасовод „Моќта на Сибир 2“, кој ќе поминува низ Монголија. Овој проект значително ќе го зголеми увозот на руски гас во Кина, со што Москва би можела да ги удвои испораките до 2030 година. Според експерти, тоа практично би го намалило увозот на течен природен гас (LPG) од САД и би предизвикало „тектонски промени“ на глобалниот пазар на гас.
Најавениот гасовод би можел да започне со работа до 2030 година и би можел да замени до половина од повеќе од 40 милиони тони течен природен гас што Кина моментално го увезува годишно, вклучувајќи го и американскиот. Аналитичарите предупредуваат дека проектите за LPG кои сè уште не се реализирани би биле сериозно погодени.
Блумберг истакнува дека сојузот меѓу Москва и Пекинг испраќа јасна порака до Вашингтон дека Кина не се потпира повеќе на американскиот гас за долгорочен раст, особено во услови на влошени дипломатски односи. Русија, од своја страна, тврди дека западните санкции и обидите за ограничување на извозот ја принудуваат да бара по сигурни купувачи, а проектот „Моќта на Сибир 2“ е клучен во таа стратегија.