Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да се сретнат на долгоочекуваниот самит на Алјаска, каде главна тема ќе биде конфликтот во Украина. Ова е прв личен состанок меѓу Трамп и Путин по шест години, а Белата куќа соопшти дека Трамп ќе ги разгледа сите можни опции за завршување на војната.
Сè уште нема информација зошто полетањето е одложено, а новинарите кои чекаат пристигнување на претседателот на САД се во неизвесност.