ПРВ.мк
Свет

Путин ја откри „петорката“ за Алјаска – Кој оди со него и што тоа значи за разговорите со Трамп?!

Путин ја откри „петорката“ за Алјаска – Кој оди со него и што тоа значи за разговорите со Трамп?!

Кремљ официјално ги соопшти имињата на високите функционери кои ќе го придружуваат претседателот Владимир Путин на претстојниот самит на Алјаска — првиот ваков состанок со американскиот претседател Доналд Трамп од 2021 година. Самиот состав на делегацијата открива многу за темите што би можеле да се најдат на масата за преговори.

Во петчлената делегација се:

  • Јуриј Ушаков – помошник на претседателот и поранешен амбасадор во САД, познат по своето длабоко познавање на руско-американските односи;
  • Сергеј Лавров – министер за надворешни работи, кој повеќе од 20 години го води руското дипломaтско тело;
  • Андреј Белошов – министер за одбрана, чиј ангажман укажува дека ќе се разговара и за стратешките безбедносни прашања;
  • Антон Силуанов – министер за финансии, чиј настап најверојатно ќе биде насочен кон потенцијално ублажување на економските санкции;
  • Кирил Дмитриев – шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции, човек со блиски врски до семејството Путин и клучна фигура за привлекување странски инвестиции.

Присуството на Лавров и Ушаков беше очекувано поради нивната клучна улога во креирањето на надворешната политика на Русија и искуството во директната комуникација со САД. Меѓутоа, вклучувањето на Белошов и Силуанов покажува дека агендата на состанокот ќе надмине теми поврзани само со Украина и ќе допре до пошироки безбедносни и економски прашања.

Последниот член, Дмитриев, со своето влијание во меѓународните бизнис-кругови, упатува на тоа дека економските односи, трговијата и можните инвестиции ќе бидат сериозно разгледани. Овој состав сугерира дека разговорите на Алјаска би можеле да вклучат комбинација од геополитика, економија и стратешка безбедност.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape