Најновиот видео-снимок од блокадите на Филозофскиот факултет покажува како дел од учесниците насилно ја нападнале полицијата со стаклени шишиња, додека полицајците мирно стоеле на неколку десетици метри оддалеченост.

На снимката се слушаат бодрења за насилство, навреди и пцовки упатени кон полицајците, додека насилниците фрлале различни предмети, вклучувајќи стаклени шишиња. Корисник на социјалната мрежа X го објавил видеото со коментар дека тоа се случува „за да не се вмешаат други елементи подоцна“.

Овој материјал ги открива екстремните и опасни методи на блокадерите, кои, иако се на растојание од полицијата, со своето однесување создаваат сериозна закана и покажуваат целосно непочитување на редот и законот.
