Во последните 24 часа, полуостровот Камчатка бил погоден од 57 земјотреси со јачина до 6,2 степени по Рихтер, соопшти руското Министерство за вонредни состојби. Пет од овие земјотреси биле почувствувани и во населени места.
Според РИА Новости, зголемената сеизмичка активност на Камчатка следи по силниот земјотрес од 30 јули со јачина од 8,8 степени — најсилен на оваа територија од 1952 година.
Во моментов активни се вулканите Клучевски, Безимијани, Шивелуч, Каримски, Камбални и Крашениников. Властите ги предупредија жителите и туристите да не им се приближуваат поради зголемениот ризик од ерупции.
Сеизмолозите ја оценуваат активноста како „исклучително висока“, а регионот е ставен во вонредна состојба поради природната опасност.















