ПРВ.мк
Свет

Аларм во Грција: Странските работници масовно ја напуштаат земјата - еве што е причината

Аларм во Грција: Странските работници масовно ја напуштаат земјата - еве што е причината

Грција се соочува со сè поголем недостиг на работна сила, покажува најновата анализа на Центарот за планирање и економски истражувања (KEPE). Според истражувањето, на крајот од минатата година во земјата имало повеќе од 31.000 непополнети работни места.

Најголем недостиг на кадар е регистриран во образованието, каде недостигаат околу 6.870 работници, а големи потреби има и во здравството, социјалната заштита, преработувачката индустрија, како и во трговијата на големо и мало.

Во споредба со претходната година, бројот на слободни работни места е зголемен за околу 2.700, што, според KEPE, може да укажува на нов тренд на раст на побарувачката за работници.

Истовремено, се намалува и расположливата работна сила. Бројот на жители во Грција е намален за 12.700 лица, а најголем дел од падот се должи на иселувањето на странските државјани.

Во текот на изминатата година бројот на странски работници се намалил за 74.400 и сега изнесува околу 97.500, додека бројот на легално вработени странци е намален за 37 проценти.

И покрај тоа, вкупната вработеност во земјата пораснала благодарение на домашната работна сила. Бројот на вработени грчки државјани е зголемен за 126.600 лица, што го надоместило недостигот од странски работници и спречило пад на вкупната вработеност.