Во вистински огнен спектакл, прототипот „Starship 36“ на SpaceX експлодираше доцна синоќа на полигонот „Starbase“ во Тексас. Огромна топка оган ја осветли ноќта, предизвикувајќи паника кај жителите на округот Камерон, кои пријавиле дека прозорци и ѕидови им се треселе како при земјотрес.
Експлозијата се случи за време на рутински статички тест за палење – процедура пред вистинско лансирање. Но овојпат, нешто тргна наопаку. Ненадејно, предниот дел на ракетата се отвори, а потоа следеше џиновска експлозија и облаци чад што се издигаа кон небото.
SpaceX потврди дека се работи за „значителна аномалија“, но дека нема повредени. Теренот е обезбеден, а јавноста предупредена да се држи на дистанца.
„Прво слушнавме гласен удар, а потоа прозорците ни се стресоа – мислевме дека некој ни паднал на куќата“, сведочи локален жител.
И покрај инцидентот, SpaceX останува решен да продолжи со амбициозните тестирања на најголемата ракета во историјата – со крајна цел: Марс.