ПРВ.мк
Свет

Над 20 уапсени во Турција: Голема акција против ќелии на Исламска држава

Над 20 уапсени во Турција: Голема акција против ќелии на Исламска држава
Escape

Турските власти спроведоа масовна операција против симпатизери и соработници на терористичката организација Исламска држава, при што беа приведени повеќе од 20 лица. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека осомничените биле вклучени во ширење пропаганда и финансирање на групи кои го поддржуваат тероризмот.

При претресите ширум државата се запленети значајни количини организациски документи и дигитални уреди кои се сметаат за клучни докази. Јерликаја истакна дека акцијата е резултат на широка координација меѓу полицијата, безбедносните и разузнавачките служби, како и соработка со меѓународни партнери.

Тој порача дека Турција останува цврсто решена да го искорени тероризмот и дека борбата ќе продолжи без пауза и компромис.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape