ПРВ.мк
Свет

Орбан со остро предупредување: НАТО во Украина е невозможна мисија, разбирајте веќе еднаш!

Орбан со остро предупредување: НАТО во Украина е невозможна мисија, разбирајте веќе еднаш!
Escape

На младинскиот фестивал во Естергом, унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати недвосмислена порака до САД, ЕУ и Украина: мир ќе има дури кога сите ќе прифатат дека членството на Украина во НАТО е невозможна опција.

„Москва никогаш нема да дозволи НАТО на својата западна граница“, порача Орбан, истакнувајќи дека сегашната политика на Брисел само го продлабочува конфликтот.

Тој ја обвини Европската Унија, со исклучок на Унгарија и можеби Словачка, дека директно учествува во војната, наместо да работи на решение.

Уште во 2024 година, Орбан предложи Украина да стане тампон-зона меѓу Русија и НАТО, предупредувајќи дека во спротивно, Украинците би можеле целосно да ја изгубат својата држава.

Ставот на Орбан се совпаѓа со повеќекратните изјави на Владимир Путин, кој НАТО на границите на Русија го гледа како директна закана по националната безбедност.

Mia Home Mavrovo