ПРВ.мк
Црна Хроника

Шокантно: Бик уби човек со рог за време на корида во Босна и Херцеговина

Шокантно: Бик уби човек со рог за време на корида во Босна и Херцеговина
Escape

Во селото Кутања, близу Доњи Вакуф во Босна и Херцеговина, дојде до трагичен инцидент по одржувањето на традиционална корида. Еден човек го загуби животот откако беше нападнат од бик, не во арената, туку надвор од неа – додека животното се враќало кон транспортното возило.

Според информациите што ги објави Дневни аваз, бикот, кој претходно учествувал во борбата, бил воден од својот сопственик кон камион, кога ненадејно нападнал случаен минувач – посетител на настанот. Човекот бил удрен со рог и претрпел тешки повреди, на кои подоцна им подлегнал.

Организаторот на коридата, Азем Чауш, потврди дека трагедијата не се случила во самата арена, туку на отворено, по завршувањето на борбата. Засега нема повеќе информации за идентитетот на загинатиот ниту за околностите под кои дошло до нападот.

Настанот ја шокираше јавноста, особено поради фактот што коридите во Босна традиционално не вклучуваат директна опасност за публиката – бидејќи биковите се борат меѓусебно, без човечка интервенција. Но овој несреќен случај потсетува дека и надвор од арената, дивите животни може да бидат непредвидливи и опасни.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape