ПРВ.мк
Балкан

ТРАГЕДИЈА ВО ЦРНОТО МОРЕ: Нападнат турски брод - ова е бројот на жртви!

ТРАГЕДИЈА ВО ЦРНОТО МОРЕ: Нападнат турски брод - ова е бројот на жртви!

Турската крајбрежна стража соопшти дека турски брод бил нападнат и потонал во близина на северниот брег на Црното Море, при што животот го загубил еден морнар, а четворица се повредени.

Бродот „Дуру 67“ бил нападнат западно од Севастопол на Крим, соопшти командата на крајбрежната стража на Турција.

Петмина морнари биле извлечени и спасени од друг брод, „Бурак Каја“, но еден од повредените починал на пат кон Турција.

Повредените биле пренесени во болница во покраината Кастамону, каде што добиле медицинска помош. Според здравствените власти, тие се здобиле со полесни повреди од шрапнели.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, а случајот е предмет на натамошна истрага, пренесуваат агенциите.