Необичен потег на пилот за време на пробен лет стана вистински хит на интернет, откако со траекторијата на авионот „напиша“ порака што можеше да се види преку апликацијата за следење летови FlightRadar24.
Малиот авион на компанијата „Равенер“ полетал од Ливерпул во саботата околу 11:30 часот по локално време за двочасовен пробен лет. Наместо вообичаена рута, пилотот кружел над полуостровот Вирал, Чешир и Северен Велс, формирајќи ја пораката „Bored“ („Досадно ми е“).
Необичната траекторија веднаш го привлече вниманието на илјадници корисници на FlightRadar24, а снимките и фотографиите брзо се проширија низ социјалните мрежи и медиумите.
Иако станувало збор за рутински тест-лет, пилотот очигледно решил да внесе малку хумор во задачата, а неговата шега предизвика бројни насмевки и коментари на интернет.







