ПРВ.мк
Свет

ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Напад врз петрохемиски комплекси - бројот на повредени се зголемува!

ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Напад врз петрохемиски комплекси - бројот на повредени се зголемува!

Заменик-гувернерот за безбедност на иранската покраина Хузестан соопшти дека денеска биле нападнати петрохемискиот комплекс Махшахр и комплексот Бандар Имам. Според неговите изјави, цел на нападите биле индустриски капацитети од клучно значење за производството на деривати на нафта и гас.

Валиолах Хајати, заменик-гувернерот, ги обвини САД и Израел за овие напади, иако засега нема независна потврда за ваквите тврдења.

Според иранските медиуми, во инцидентите се повредени пет лица. Двата објекта се наоѓаат на југот на земјата, во близина на Персискиот Залив, и претставуваат важен дел од националната петрохемиска индустрија.

Од Организацијата за специјална економска зона за петрохемија соопштија дека работниците биле евакуирани како мерка на претпазливост, додавајќи дека потенцијалните загадувачи не претставуваат опасност за околните градови.

Од Израелски одбранбени сили за Би-Би-Си изјавиле дека не можат да ја коментираат ситуацијата.

Инцидентот доаѓа во период на зголемени тензии во регионот, при што ваквите напади дополнително ја зголемуваат неизвесноста околу безбедноста на индустриските и енергетските објекти во јужен Иран.