ПРВ.мк
Свет

ТРАМП И ИРАН ПОСТИГНАА ДОГОВОР,НО ТЕНЗИИТЕ ОСТАНУВААТ: Еве кој ќе управува со Ормутскиот теснец

ТРАМП И ИРАН ПОСТИГНАА ДОГОВОР,НО ТЕНЗИИТЕ ОСТАНУВААТ: Еве кој ќе управува со Ормутскиот теснец

По завршувањето на техничките разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија, иранските претставници објавија дека е постигнат напредок околу спроведувањето на идните договори и регионалната стабилност.

Според официјални информации од Техеран, формирани се неколку специјализирани работни групи кои ќе се занимаваат со прашања поврзани со санкциите, нуклеарната енергија, економскиот развој и спроведувањето на постигнатите договори. Дополнително, ќе биде воспоставен механизам за координација на безбедниот поморски сообраќај низ Ормускиот теснец.

Посебно внимание привлече изјавата на претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф, кој порача дека управувањето со Ормускиот теснец повеќе нема да биде исто како пред конфликтот. Според него, Иран ќе има клучна улога во управувањето со овој стратешки важен поморски премин, но во согласност со меѓународното право.

Во меѓувреме, најавено е и ослободување на дел од замрзнатите ирански средства, во вредност од 12 милијарди долари, кои треба да бидат исплатени во две транши.

Од американска страна беше соопштено дека поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец се одвива нормално и дека безбедносната состојба е под контрола. Сепак, изјавите од двете страни покажуваат дека регионот и понатаму останува во центарот на глобалното внимание поради неговото стратешко значење за светската економија и енергетските пазари.